Актуелниот шампион на Формула 1, Макс Ферстапен не се грижи за истрагата која ја води ФИА по повод оптужбите дека неколку тимови, меѓу кои и неговиот Ред Бул ја надминале финансиската граница во претходната сезона.
Доколку се утврди дека надминувањето на буџетот е над 5 милиони евра тоа ќе значи и казна за Ред Бул на кој можат да му се одземат бодови. За Ферстапен истото може да биде копно по шампионската титула со оглед на тоа што за сезоната ја заврши со седум бода повеќе од второпласираниот Хамилтон.
„Да бидам искрен воопшто не се замарам со тие работи. Тоа е за тимовите и за ФИА. Мое е да се фокусирам на возењето“, кратко изјави Ферстапен.
Конечната одлука ФИА ќе ја донесе во понеделник на 10.10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА