Ферстапен ги налути шефовите во Ред бул: Нема веќе видео игри до три часот наутро

Макс Ферстапен влезе како апсолутен фаворит во оваа сезона од Формула 1 шампионатот, тој моментно е лидер во генералниот пласман, но серијата од три трки без победа е изненадување за сите во Ф-1.

Згора на тоа, тој имаше и судир со Луис Хамилтон на последната трка на Хунгароринг, поради која сега ќе мора да го промени моторот на болидот, за што ќе добие казна од десет места во пресрет на квалификациите за неделната трка за ГН на Белгија што ќе се вози на патеката „Спа“.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, во својата колумна за “Speedweek” обелодени дека еден од проблемите на Ферстапен е што останува до рано наутро на денот на трките, возејќи симулации на видео-игри…

„Не требаше многу за да се појават критиките на адреса на Макс. Не сум изненаден, со оглед на фактот дека ја минува половина од ноќта пред трките возејќи симулации. Тоа му беше кажано, се согласивме дека не смее да останува толку доцна, такво нешто не смее да се повтори“, обелодени Марко.

Се вчитува...