Ферстапен ги загуби нервите – си оди од Ред Бул?

Макс Ферстапен е максимално незадоволен од перформансите на болидот на Ред бул сезонава, а на поранешниот светски првак не му се допаѓаат ниту останатите „сигнали“ што ги испраќаат кон него челниците на овој Ф1 тим.

Имено, одлуката да го отпуштат тимскиот инжиње Џанпјеро Ламбиасе, со кого Ферстапен изгради беспрекорен однос во изминатите години, се оценува како јасна порака до холандскиот возач дека и тој самиот може да си замине.

Макс во изминатите месеци неколку пати изјавуваше дека размислува дури и за повлекување, но последните информации говорат дека тоа нема да се случи. Затоа пак, лесно може да дојде до мега-трансфер во Формула 1, откако Мекларен и Мерцедес искажале сериозен интерес да го доведат повеќекратниот светски првак почнувајќи од 2027 година.

Двата тима имаат високо мислење за „лудиот Макс“, веруваат дека тој може повторно да доминира на патеките со вистински болид и ќе сторат се за да им се приклучи почнувајќи од 2027 година.

За Ред Бул пак тоа би претставувал крај на една ера, со оглед на проблемите со неконкурентноста на болидот кои ја прават борбата за висок пласман „невозможна мисија“ за овој тим.

Се вчитува...