Макс Ферстапен ја продолжи доминацијата во Формула 1 шампионатот откако актуелниот светски првак стигна до пол-позицијата на патеката Силверстоун, петта пол-позиција во серија за асот на Ред Бул.
Она што беше интересно попладнево беше што Ферстапен го оштети болидот пред самиот крај на првата квалификациска рунда, кога при излегувањето на патеката имаше мал судир при што настрада дел од предницата. Механичарите експресно го решија проблемот, па Ферстапен во голем стил го извозе остатокот од квалификациите, заслужено стигнувајќи до првото место пред утрешната трка.
Второто место му припадна на Ландо Норис, како третопласиран ќе стартува Оскар Пиастри од Мекларен, а на четвртата позиција се најде Шарл Леклер во болидот на Ферари.
Големо разочарување беше вториот возач на Ред Бул, Чеко Перез, кој не успеа да ја мине првата квалификациска рунда. Ова беше петти пат во серија Перез да не се пласира меѓу најдобрите десет возачи во квалификациите, јасен знак дека има сериозен проблем со формата на овој возач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА