Холандскиот возач Макс Ферстапен по третпат стана првак во Формула 1. Холанѓанецот го зазеде второто место на спринтот за ГН на Катар, и математички ја сочува титулата, иако до крајот на шампионатот има уште шест трки.
Ферстапен има одлична сезоната во Формула 1, и не триумфираше само на три од 16 извозени трки. Имаше серија од 10 победи по ред, и со тоа влезе во историјата.
До крајот на Ф1 циклусот остануваат уште трката во Лусаил, потоа во Остин, Сијудад Мексико, Сао Паоло, Лас Вегас и Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА