Ферстапен: И во 2025 година ќе возам ризично

Актуелниот шампион во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен говореше за медиумите во пресрет почетокот на поготовките за новата сезона во најбрзиот шампионат во светот.

Холандскиот возач доби интересно прашање, дали ќе го менува ризичниот стил на возење бидејќи може да добие суспензија од една трка со оглед на тоа што има осум казнени бодови. Доколку добие уште четири тоа автоматски ќе значи суспензија.

„Сигурно нема да го менувам стилот на возење. Знам дека кога одам предалеку и немам проблем да се извинам. Тоа беше случајот со Пијастри во Абу Даби. Меѓутоа, тоа е се дел од тркање и никаква казна не може да сме спречи да го правам тоа што го правев до сега“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...