Холанѓанецот Макс Ферстапен со нова победа испиша нови страници во историјата на Формула 1 пред страсните јапонски фанови. На Јапонското ГП, Ред Бул и Хонда го добија токму она на што можеа само да се надеваат – триумф за паметење.
Оваа победа носи дополнителна тежина бидејќи Холанѓанецот стана првиот возач кој победил четири пати по ред на оваа патека. Сите овие победи се постигнати со моторите на Хонда, што на целата приказна и дава уште поголема симболика.
Ферстапен тргна од пол-позицијата и беше доминантен од самиот почеток. Во текот на сите 53 круга се бореше со возачите на Мекларен, но во ниту еден момент не беше сериозно загрозен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА