По триумфот на спринт трката во Мајами, актуелниот светски шампион Макс Ферстапен стигна и до пол-позицијата на трката во Флорида во Формула 1 шампионатот.
Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите и стигна до седмата пол-позиција во низа, а вкупно 38-ма во кариерата на трикратниот светски шампион. Второто и третото место го зазедоа дуото од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц.
Во топ 10 се најдоа и: Перез, Норис, Пјастри, Расел, Хамилтон, Хулкенберг и Цунода. Трката за ГН на Мајами е закажана за вечерва од 22 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА