Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул е освојувач на пол-позицијата за големата награда на Холандија која се вози на патеката Зандворт.
Второто место му припадна на Шарл Леклрер од Ферари. Од вториот стартен ред ќе тргнат вториот возач на Ферари Карлос Сајнц и Луис Хамилтон во Мерцедес, додека во топ 10 се најдоа уште и: Серхио Перез, Расел, Морис, Шумахер, Цунода и Строл.
Трката за големата награда на Холандија која ќе се вози на патеката Зандворт е закажана за утре со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА