Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ќе тргне од пол-позицијата на спринт трката за големата награда на Соединетите американски држави која се вози на патеката во Остин, Тексас.
Ферстапен до пол-позицијата за спринтот стигна со 12 илјадитинки подобро време од возачот на Мерцедес, Џорџ Расел. Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер во Ферари и единствениот предизвикувач на Ферстапен за титулата, Ландо Норис во Мекларен.
Во топ 10 уште се најдоа и: Сајнц, Хулкенберг, Хамилтон, Магнусен, Цунода и дебитантот Колапинто. Серхио Перез повторно потфрли и ќе стартува како 11, додека слаби квалификации имаше и Оскар Пјастри кој ќе тргне од 16. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА