Ферстапен ја освои Сузука и донесе титула на Ред Бул

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи по 14 пат во оваа сезона, откако на убедлив начин заврши како првопласиран на патеката „Сузука“ во Јапонија.

Макс после лошото издание во Сингапур, најави дека на Сузука ќе победи со разлиак од 20 секунди, и за таков подвиг малку му недостасуваше.

Ферстапен не ја освои титулата со оваа победа, меѓутоа донесе трофеј на Ред Бул во конкуренција на конструктори. Така австрискиот тим трет пат по ред ја освојува титулата во оваа конкуренција.

На подиумот во Јапонија завршија и возачите на Мерцедес. Нандо Лорис беше втор, додека Оскар Пиајстри трет, што е историја за овој возач кој во својата дебитантска сезона успеа да се искачи на подиум.

Ле Клер бее четврти, Хамилтон петти, а Сајнц шести. Во првите десет влегоа и Расел, Алонсо, Гасли и Окон.

Се вчитува...