Ферстапен: Како што Хамилтон ја освои првата, така ја загуби оваа титула (ФОТО+ВИДЕО)

Макс Ферстапен и Ред Бул ставија крај на неколкугодишната доминација на Луис Хамилтон и Мерцедес. Холанѓанецот до својата прва титула во Форума 1 шампионатот стигна во епска завршница на Големата награда на Абу Даби каде во последниот круг го претекна Британецот за големо славје.

Вечерва на свечената гала-вечер на ФИА младиот возач и официјално ја доби шампионската титула, а во говорот се осврна и кон можното откажување на седумкратниот шампион Хамилтон, но и кон последниот круг во Абу Даби.

„Можам да разберам дека е разочаран бидејќи од трката поминаа само неколку дена, но треба да се знае дека ова е натпреварување и таквите работи се случуваат. Треба да се осврне кон тоа што го стори досега. Тоа сигурно ќе му биде утеха, тој и понатаму сака да се бори за осмата титула и сигурно ќе биде конкурентен следната година. Не гледам причина зошто сега би ставил крај на Ф1 кариерата“

„Не можам да кажам дека се соживувам, но разбирам дека е болно да загубиш титула на таков начин. Но, тој исто така ја освои првата титула“, додаде младиот возач осврнувајќи се кон 2008 година кога Хамилтон стигна до титулата пред Фелипе Маса.

Како утеха за Луис Хамилтон беше наградата за Личност на годината, а награда имаше и за Фернадо Алонсо кому му припадна изборот за Најдобар потег на годината.

Се вчитува...