Ферстапен: Какво е ова ср*ње!

Актуелниот првак и лидер во актуелниот шампионат во Формула 1, Макс Ферстапен беше бесен по квалификациите за Големата награда на Бразил. Холанѓанецот го освои само 12. место по прекинот во вториот круг од квалификациите, кој беше прекинат поради излетувањето на Ленс Строл.

Проблемот е што стјуардите доцна го кренаа црвеното знаме, бидејќи имаше повеќе од 30 секунди од излетувањето до паузата, па Макс беше спречен да направи уште еден брз круг.

„Зошто им требаа 30, 40 секунди да излезат со црвени знамиња, тоа е с.р.…! Глупаво е дури и да се зборува за ова“, изјави Ферстапен.

Така Макс ќе стартува од 17. место на трката, бидејќи и тој беше казнет поради промената на погонската единица.

Се вчитува...