Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен доби нов 1,6-литарски V6 мотор во Белгија, петти примерок од оваа сезона, а бидејќи е дозволено користење четири без казна, ќе заработи десет казнени места, на трката на „Спа Франкошамп“.
Ако подоцна му треба дополнителен мотор, ќе му донесе казна од пет места, но петти турбополнач или која било друга компонента повторно ќе му донесе десет места.
Затоа Ред Бул му дадоа само нов мотор на Ферстапен, за да ја задржат казната од десет места, а покрај Фрстапен нови мотори добија и Окон, Албон и Цунода. Трката за Големата награда на Белгија е закажана за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА