Двократниот светски шампион во Формула 1 Макс Ферстапен, ќе стартува од првата позиција на трката за ГН на Канада, откако вечерва беше најбрз во квалификациите.
Возачот на Ред Бул најдобро се снајде по дождливата патека, и постигна најбрз круг со време од 1:25.858.
Од првиот стартен ред ќе започне и Нико Хулкенберг, додека Фернандо Алонсо ќе стартува од третата позиција, веднаш пред Луис хамилтон.
Најголемо разочарување приредија Серхио Перез и Шарл Реклер. Перез заврши на 12. позиција, додека возачот на Ферари на 11. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА