Ферстапен ќе тргне од пол позиција на Ф1 трката во Мексико

Пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен ќе тргне од најповолната стартна позиција на утрешната Формула 1 трка за големата награда на Мексико. Тој имаше најдобар резултат во вечерашните квалификации. За него ова е втора пол позиција во кариерата.

Со Ферстапен во првиот ред ќе биде возачот на Ферари, Шарл Леклер. Неговиот тимски колега, Себастијан Фетел имаше трет квалификациски резулатат, а во вториот ред друштво ќе му прави, актуелниот шампион, Луис Хамилтон. Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон има 338 бода, ботас е на 274, а Леклер има 223.

Трката за титулата би можела да биде завршена веќе утре, ако Хамилтон освои 14 бода повеќе од Ботас.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...