Ферстапен: Конечно, малку среќа и за мене… сакам да останам цел живот во Ред Бул, ако ме сакаат

Макс Ферстапен не го криеше воодушевувањето откако во супердраматична трка во последниот круг успеа да го мине Луис Хамилтон, да триумфира во Абу Даби и со тоа да стигне до титулата во Формула 1 шампионатот.

Ферстапен стана прв Холанѓанец со титула во Ф-1, прекинувајќи ја доминацијата на Мерцедес која трае уште од 2013 година, кога Себастијан Фетел го напушти Ред Бул и се пресели во Ферари.

„Ова е неверојатно, немам зборови… Го заслуживме ова, со мојот тим, со Хонда… Низ целата трка верував дека ќе ми се укаже шанса, а кога тоа се случи во последниот круг… беше неверојатно. Конечно, малку среќа и за мене. Сакам да му се заблагодарам и на Перез, кој беше фантастичен тимски колега. Мојот тим знае колку ги сакам сите во него, се надевам дека ќе го правиме ова заедно уште десет – петнаесет години. Не сакам да си заминам одовде, никогаш… сакам да останам во Ред Бул до крајот на животот, ако ме сакаат“, изјави пресреќниот Ферстапен.

Се вчитува...