Ферстапен: На 35 години сигурно нема да возам, во животот има и поважни работи од Ф1!

Макс Ферстапен изминатиот викенд и официјално стана шампион на Формула 1, вторпат за две години и полека се движи кон врвот на вечната листа победници во овој спорт. Макс има само 25 години, беспрекорни возачки квалитети и одличен тим зад него, но тој вели дека нема намера да биде во Формула 1 уште долго.

Новиот шампион има договор со Ред Бул до крајот на 2028 година, што значи сигурно ќе вози во Формулла 1 до својата 31. година. Меѓутоа изјави дека не се замислува себеси во овој спорт и подлабоко во четвртата деценија од животот, бидејќи имало поважни работи во животот.

„Не ме интересираат титули и рекорди. Суштината на се е квалитетот на животот кој го водам. Ќе се тркам сигурно до 2028 година, а потоа ќе видам дали навистина сакам и понатаму да возам. Искрено, дали се гледам себеси во Ф1 и на 35 години? Дефинитивно не. Има многу поинтересни работи надвор од Формула 1. А и не сакам постојано да сум на пат. Сакам кога сум дома. Често патувањата и долгите отсуства знаат да бидат болни. Не сакам да правам нешто ако не уживам во тоа“, изјави Ххоланѓанецот од Ред Бул.

Се вчитува...