Ферстапен најбрз на Монца, големо разочарување за Ферари

Макс Верстапен од Ред Бул Рејсинг стигна до победата на легендарната патека во Монца на трката за Големата награда на Италија, комплетирајќи добар викенд по одличните квалификации и пол-позицијата.

Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, завршија на второто и третото место, со што го комплетираа подиумот во Монца. Ферари остана без подиум на својата патека, што секако е големо разочарување.

Шарл Леклер ја заврши трката на четвртото место, а Луис Хамилтон на шестата позиција. Помеѓу двата Ферари, Џорџ Расел во Мерцедес заврши на петтото место.

Александар Албон во Вилијамс стигна до седмото место и шест бода, додека на осмото место се најде одличниот Габриел Бортолето во Кик Заубер. Кими Антонели во Мерцедес заврши на деветтото место и два бода, со што се зголеми бодовниот биланс за Мерцедес во викендот во Монца. Последното десетто место и еден бод го освои Исак Хаџар и со тоа по последното сензационално трето место во Холандија, тој продолжи да освојува бодови.

Сезоната во Формула 1 продолжува за две недели со Големата награда на Азербејџан на улиците на Баку.

Се вчитува...