Холандскиот пилот Макс Ферстапен го продолжува походот кон четвртата последователна тиутла во Формула 1. Возачот на Ред Бул убедливо славеше на првата овосезонска спринг трка одржана утрово во Шангај, откако тргна од четвртата позиција, па во 10 круг се проби до првата позиција пред Луис Хамилтон. Спринтот од 19 круга го заврши пред Хамилтон, додека трет беше Серхио Перез.
Во првата спринг трка сезонава разочараа Ландо Норис и Фернандо Алонсо. Норис стартуваше како прв, па веќе во првата кривина отиде прешироко, па челната позиција му ја препушти на Хамилтон. На крајот имаше дури шесто време. Од друга страна Алонсо стартуваше како трет, но не ја заврши трката и се откажа на три круга пред крајот.
Дожд денеска немаше за разлика од вчера во квалификациите. Квалификациите за ГН на Кина се на програмата во 9 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА