Ферстапен најдобар и најисплатлив возач сезонава во Формула 1

Макс Ферстапен ја освои својата трета последователна титула во Формула 1 шампионатот во болидот на Ред Бул. Холанѓанецот оствари 19 победи и покажа апсолутна доминација. Освен возачките квалитети, Макс покажа и дека е најдобар во грижата за својот болид.

Формула 1 објави податоци за тоа кој имал најмалку штета оваа година, а во таа категорија Макс е дефинитивно прв. Цената на неговите поправки е само 340 илјади долари.

На второ место во оваа категорија е Џорџ Расел со 670 илјади, а трет Валтери Ботас со 700 илјади долари. Негативен рекордер е возачот на Вилијамс, Логан Сарџент, кој го оштети буџетот на тимот за 4,33 милиони долари. За поправки на болидот на Карлос Саинц беа издвоени 3,64 милиони, додека на третото место е Серхио Перез со 3,22 милиони.

Се вчитува...