Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф истакна дека Макс Ферстапен намерно го саботирал Луис Хамилтон во обид да помине во вториот круг од квалификациите за спринтерската трка во Формула 1 во Австрија.
Инцидентот се случи во самиот финиш од првиот круг од квалификациите кога Холанѓанецот веќе се пласираше во вториот круг, додека Британецот се обидуваше да го стори тоа, но Ферстапен го забави и го оневозможи во процесот.
„За таа работа, ние како тим направивме грешка што не кажавме каде е Макс во однос на Луис. На другата страна, Ферстапен направи се со намера да го саботира брзиот круг на Луис. Така, имавме една случајна и една намерна грешка. Но, кому му е грижа“, изјави Волф.
Трката за големата награда на Австрија е закажана за денеска со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА