Ферстапен не е оптимист за нова шампионска титула

Бранителот на трофејот во Формула 1 шампионатот, Макс Ферстапен извозе доминантна трка на Големата награда на Азербејџан. Возачот на Ред Бул стартуваше од првата позиција и истата не ја испушти до самиот крај.

Холанѓанецот го искорсти лошиот настап на конкурентите за титула Оскар Пјастри кој излета од стазата и Ландо Норис кој заврши на седмата позиција за приближување до врвот на табелата, но и покрај тоа што гледа од трка за трка, не е оптимист кога станува збор за можноста да ја одбрани титулата.

„Тешко е да се говори за тоа, но сигурн сум дека последните два тркачки викенди беа фантастични за нас. Сингапур е нов, сосема различен предизвик со високо оптеретување па ќе видиме што можеме таму да направиме“, изјави Ферстапен.

Ферстапен останува на третата позиција во шампионатот со 255 освоени бодови. Пред него се Норис со 299 бодови и Пјастри со 324.

Се вчитува...