Ферстапен: Не направив ништо лошо, прекинете да и се заканувате на мојата фамилија

Потегот на Макс Ферстапен со кој не го пропушти Серхио Перез на петата позиција на Големата награда на Бразил предизвика големо незадоволство и кај самите навивачи на „летечкиот Холанѓанец“. Тој веќе ја освои шампионската титула и бодовите не му значат, за разлика од неговиот тимски колега кој се бори за втората позиција на табелата со Шарл Леклер.

Ферстапен по трката добил и смртни закани, а нервозните фанови нивното незадоволство го искажале и со приватни пораки кон неговото семејство. Тоа го натера младиот возач на реакција во која ги осуди „нападите“.

„Добив многу гнасни пораки и тоа од луѓе кои не знаат што се случува. Така да ме нападнете е навистина смешно, а недозволиво е да ја напаѓате мојата фамилија. Кога сестра ви ќе ви каже дека и е доста, тогаш знаете дека работата отишла предалеку. Доста ми е од тие срања. Ако некој има проблем со мене, во ред, но немојте да ја вовлекувате мојата фамилија. На крајот јас мислам дека не направив ништо лошо. Доста ми е од нагласување на негативни работи“, вели Ферстапен.

Се вчитува...