Макс Ферстапен го задржува својот став дека петтата последователна титула во Формула 1 оваа сезона е недостижна, и покрај постојаната надеж на Хелмут Марк.
Формула 1 се вози во Белгија овој викенд во Спа Франкошамп, а Макс Ферстапен веќе го освои саботниот спринт и се квалификуваше на четвртото место зад Пјастри и Норис за главната трка.
82-годишниот Марко сè уште верува дека Холанѓанецот има шанса да го израмни рекордот на Михаел Шумахер, кој освои пет титули по ред со Ферари помеѓу 2000 и 2004 година.
Сепак, Ферстапен и советникот на Ред Бул не го делат истото мислење по ова прашање.
„Ја разбирам потребата да се размислува позитивно за сè. Но, секогаш сум многу реалистичен кога станува збор за тоа што чувствувам во болидот, а кога гледам снимки од кокпитот на другите автомобили, сè ми е јасно. Немаме шанси сезонава да освоиме титула“, вели Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

