Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен одби да ја коментира казната од пет секунди добиена на Големата награда на Саудиска Арабија, казна која можеби го чинеше победа.
Уште на самиот старт на трката, холандскиот возач излезе од стазата и стекна предност во борбата со Оскар Пјастри па беше санкциониран.
„Не можеш да го изнесеш своето мислење бидејќи не се цени, а можеш да бидеш и дополнително казнет бидејќи луѓето не можат да ја поднесат вистината. Подобро да не говорам ништо“, изјави Ферстапен.
Актуелниот шампион сепак е задоволен од промените во болидот кои одново му донесоа конкурентност.
„Промените кои ги направивме функционираат и многу сум задоволен поради тоа“, додаде Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА