Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен изјави дека не е загрижен за борбата за титулата во шампионатот во Формула 1.
Верстапен нема победа на последните четири трки од Шпанија, што е негова најдолга серија без победа од 2020 година. Но, тој го зголеми водството во шампионатот по грешките на првиот конкурент Ландо Норис од Мекларен, на 78 поени, иако Ред Бул го имаше послабиот болид на последните седум трки.
„Ако го погледнете шампионатот, Ландо е најблискиот конкурент, но во последно време можете да видите и други како победуваат на трки. Тоа е нешто ново и непознато, тесно е и мора да се внимава на деталите, ставањето на болидот во одлична состојба навистина може да ја направи разликата“, рече Ферстапен.
Трикратниот последователен светски шампион Ферстапен е прв со 277 поени, втор е Норис со 199, а трет е Шарл Леклер од Ферари со 177.
На борбата за титулата може да влијае и Мерцедес, чии возачи победија на три од последните четири трки. На последната трка во Белгија, шампионот стартуваше од 11. место и беше подобар од Норис кога го освои четвртото место.
„Не сум навистина загрижен и сè уште не размислувам за последната трка во Абу Даби. Само сакам да напредувам како тим и да го подобрам болидот. Ако го подобриме болидот, тоа малку ќе го олесни животот“, изјави холандскиот возач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА