Макс Ферстапен уште еднаш ја потврди својата доминација во Ф-1 шампионат откако актуелниот првак славеше на денешната трка за ГН на Шпанија што се возеше на патеката Каталуња, трета победа во серија за Ферстапен на шпанското гран-при. Асот на Ред бул имаше импресивно возење, успеа да излезе на чело на колоната и потоа рутински да ја одржува предноста во однос на ривалите.
Трката ќе остане запаметена по извонредниот старт на Џорџ Расел, откако британскиот возач на Мерцедес од четвртото место успеа да излезе на првата позиција. Маневарот беше извонреден, но Расел се задржа на првото место само до третиот круг, кога беше минат од Ферстапен на стартно-целната рамнина, по што актуелниот светски шампион имаше целосна контрола над трката.
Второто место му припадна на Норис, трет е поранешниот светски првак Луис Хамилтон, а Расел и покрај феноменалниот старт на крајот мораше да се задоволи со четвртото место, пред двајцата возачи на Ферари, Леклер и Саинц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА