Најавеното заминување на Луис Хамилтон од болидот на Мерцедес по крајот на тековната сезона остави отворено возачко место во британскиот тим. Како адекватна и најпосакувана замена за Британецот се јавува Макс Ферстапен, актуелниот лидер на шампионатот, но судејќи по последната изјава на Холанѓанецот оваа желба нема да се реализира, бар не за следната сезона.
Трикратниот шампион на Формула 1 јавно даде дознаење дека нема намера да замине од Ред Бул поготово со фактот дека верува дека неговиот тим може да доминира и во годините кои следат.
„Таквите одлуки не се носат лесно, а јас сум многу среќен во мојата сегашна екипа. Сакам да го имам најдобриот болид и тоа е се што барам. Тоа го имам сега и ќе се обидеме да го имаме и во годините кои следат. Зошто би го напуштил тимот со кој сум во најдобра позиција и кој верувам дека може да продолжи да доминира“, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА