Ферстапен: Немам никаква почит кон Расел

Макс Ферстапен приреди рутинска победа на Големата награда на Катар и покрај тоа што стартуваше од втората позиција поради казната која ја доби од страна на ФИА бидејќи возеше непотребно бавно во подготовките за брзиот круг и го успори Џорџ Расел.

Холандскиот возач од редовите на Ред Бул по крајот на трката се осврна и кон доделената казна која стигна три часа откако завршија квалификациите. Како што вели тој, таа доаѓа на инсистирање на Расел па тој ја загубил почитта кон Британецот.

„Бев многу разочаран кога видов што се случува. Меѓу возачите постои голема почит, толку пати сме седеле заедно во иста просторија и никогаш не сум видел некој да сака на таков подмолен начин да му наштети на некој. Ја загубив целата почит“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...