Макс Ферстапен е трикратен последователен шампион во Формула 1 и е на добар пат да стигне до четвртата титула во низа во најбрзиот циркус во светот. Сепак, првиот човек на Мекларен Зек Браун смета дека Холанѓанецот е на местото каде што е единствено благодарение на моќниот болид на Ред Бул.
„Мислам дека сега имаме шест или седум возачи кои би биле шампиони со Ред Бул. Иако возачките квалитети на Макс се неспорни, тој не би бил светски шампион во ниту еден друг болид, освен Ред Бул“, истакна Браун.
Шампионатот во Формула 1 продолжува оваа недела со Големата награда на Монако во Монте Карло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА