Макс Ферстапен стигна до својата втора титула во Формула 1 шампионатот на Големата награда на Јапонија, но ниту тоа не го тргна фокусот на „летечкиот Холанѓанец“. Возачот на Ред Бул славеше и на претходната трка во САД, а нема намера да престане со одличното возаење до крајот на шампионатот.
Говорејќи за медиумите во Мексико младиот возач доби прашање дали ако во последниот круг тој и Перез се прв и втор ќе го пропушти својот клупски колега кој е во игра за втората позиција во шампионатот, а следеше договор кој нема да му се допадне на Мексиканецот.
„Јасно е. Јас ќе победам. На Чеко му е битно да биде само пред Шарл. Меѓутоа, се тоа е претпоставка, ќе видиме што ќе ни донесе ттрката. Мојата цел секогаш е истa, сакам што повеќе триумфи“, вели Ферстапен.
Холанѓанецот на Големата награда на САД стигна до 13 победа во сезоната со што го израмни рекордот за победи во една сезона и дојде рамо до рамо со успехот на Михаел Шумахер во 2004 и на Себастијан Фетел во 2013 година. Овој викенд во Мексико ќе има шанда да постави нов рекорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА