Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен не го крие задоволството од триумфот во Формула 1 за Големата награда на Австрија, на домашната патека на неговата екипа.
Ферстапен стигна до првата победа сезонава, а четврта во кариерата, откако беше најбрз во Шпилберг. Па, на тој начин стигна и до петтото место во генералниот пласман.
„Ова е навистина неверојатно. Имав проблеми малку со гумите, но успеавме ете да издржиме до крај. Извонредно е да се победи во Ред Бул на Ред Бул ринг, со многу холандски навивачи. Навистина прекрасно. Беше вчера еден прекрасен ден, се надевам дека ќе продолжиме на ист начин“ – вели Ферстапен.
Водството во генералниот пласман во Ф1 циркусот го презеде Себастијан Фетел кој во Австрија стигна до третата позиција, а го искористи и тоа што Луис Хамилтон не ја заврши трката.
„Му честитав на Макс. Имаше одлична трка, воопшто не грешеше. Се обидувавме да го стигнеме до крајот, но не успеавме. Ќе беше подобро да стартував од подобра позиција, се обидов да се поправам на првата кривина но не успеав. Можеше да биде и подобро за нас, но Ферстапен апсолутно ја заслужи победата“ – вели Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА