Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка од Големата награда на Австралија.
Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали во пресрет на трката зборуваше како би сакал да го зголеми бројот на компетитивни делови секој викенд така што би се укинале слободните тренинзи и зголеми бројот на „спринт“-трките кои во моментов се шест во календарот. Ферстапен по денешните квалификации во Мелбурн остро ги критикуваше таквите предлози.
„Се надевам дека нема да има такви промени затоа што тогаш не би бил уште долго во овој циркус. Тоа нема смислам и воопшто не ми се допаѓаат таквите идеи. Ако така ни наметнуваат распоред, викендите ќе бидат преинтензивни, а и онака сега сме под големо оптоварување“ – истакна Ферстапен и дополни:
„Јасно ми е дека Ф1 има интерес цел викенд нешто да се случува, но мислам дека мора да се задржи форматот според кој само сабота и недела се вози за нешто. Доаѓаат сезони во кои во календарот ќе има 24 или 25 трки, а ако ни наметнат уште некои мали трки, мене тоа нема да ме интересира. Нема да уживам во тоа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА