Макс Ферстапен и Шарл Леклер беа задоволни од крајниот резултат на трката за Големата награда на Велика Британија. Хамилтон стигна до победата по хаосот во последниот круг и ја оствари рекордната седма победа на Силверстоун, иако му пукна предниот лев пневматик. Истиот проблем го имаа и Валтери Ботас и Карлос Сајнц, а проблемот на Финецот
„Гумите беа во лоша состојба уште на десет круга до крајот на трката, па во последниот круг решив да влезам да ги променам како би го нападнал најбрзиот круг на трката и да го земам дополнителниот бод, а тогаш на Луис му пукна левиот преден пневматик. Второто место е добар резултат и јас сум среќен“, изјави Ферстапен.
Од целата ситуација профитираше и Шарл Леклер кој заврши како трети, а Ботас на крајот остана без бодови завршувајќи на 11. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА