Ферстапен по победата на спринтот, дојде и до пол позиција во Шангај

Продолжува доминацијата на Макс Ферстапен во Ф1 шамионатот, откако ја освои и пол позицијата пред утрешната трка за ГН на Кина. Претходно Ферстапен триумфираше на спринт тргката во Шангај.

Во првиот дел на квалификациите целосно потфрли Луис Хамилтон, кој вчера ја освои втората позиција во квалификациите за спринтот, но Британецот утре ќе стартува од 18. позиција, што навистина е големо разочарување.

Во другите дел од квалификациите видовме и црвено знаме откако седум минути пред истекот на времето, Карлос Саинц излета од патеката и удри во ѕид, но среќа успеа да повторно да го врати болидот. Откако успеа да дојде во боксот, доби и ново крило, Сајнц се врати на патеката и избори место во третиот квалификациски циклус. Во последниот дел видовме продолжување на доминацијата на Ферстапен.

Се вчитува...