Старо новиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен триумфираше на спринт-трката за големата награда на Соединетите Американски Држави која се возeше на патеката во Остин.
Актуелниот шампион откако претходно ја освои пол-позицијата за оваа трка, стигна до нова убедлива победа. Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, додека подиумот го надополни Шарл Леклер во Ферари.
Во бодови завршија уште и: Норис, Перез, Сајнц, Гасли и Расел. Главната трка за американското гран-при е закажана за утре во 21 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА