Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на третата овосезонска трка во Формула 1 за Големата награда на Јапонија во Сузука. Ова беше прва победа на Холанѓанецот во 2025 година, а четврта во низа во Сузука.
Второто и третото место им припадна на возачите на Мекларен. Ландо Норис беше втор со 1,423 секунди заостнаување, додека Оскар Пјастри мина трет низ целта со заостанување од 2.129 секунди.
После него следуваа Леклер од Ферари, Џо Расел од Мерцедес, шести беше Антонели, а Хамилтон од Ферари ја мина целта како седмопласиран.
Ова беше прва победа на Холанѓанецот во 2025 година, а четврта во низа во Сузука.
MAX VERSTAPPEN WINS IN JAPAN!!
The Red Bull driver secures victory after a measured drive under pressure
#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/jJHRub1jJo
— Formula 1 (@F1) April 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА