Ферстапен почна да се сомнева: Овој пат не велам дека ќе победиме на трката

Формула 1 шампионатот овој викенд се враќа по неколку неделна пауза со Големата награда на Холандија. Во пресрет домашната трка фокусот е ставен на актуелниот лидер на табелата, Макс Ферстапен кој за разлика од стартот на сезоната, пред паузата имаше проблеми со болидот.

Фестапен на домашната има и дополнителн мотив бидејќи на „Зандворт“ тој е непоразен, забележувајќи три пол-позиции откако шампионатот се врати на оваа стаза во 2021 година.

Сепак очекувањата на Ферстапен овој пат не се победа, туку што подобро разбирање на болидот.

„Не доаѓам овој викенд да кажам дека ќе победиме на трката. Сакам само да имам чист викенд, да го разберам автомобилот малку повеќе, да научам од него. Се разбира, анализиравме многу за време на паузата и ќе се обидеме да ги направиме работите можеби малку поинакви или подобри. Во текот на викендот ќе дознаеме и како ќе оди тоа“, изјави Ферстапен.

Се вчитува...