Ферстапен: Поради лошиот старт на сезоната нема да можам да ја одбранам титулата

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше воодушевен од својот „неверојатен“ финиш на Големата награда на Бразил откако се проби од последното место и го освои третото место на Интерлагос.

Тој по трката говореше дека едноставно нема шанси за одбрана на титула, поради лошиот старт на неговиот тим на сезоната.

„Има премногу поени за реално да имаме шанса да ги стигнеме. Ако ја погледнете целата сезона, изгубивме премногу поени во првата половина од годината. Мислам дека нашата цел сега е да имаме светли моменти како овој, добри тркачки викенди до крајот на сезоната и да видиме колку далеку можеме да стигнеме. Сепак, има многу што сакаме да анализираме од овој викенд“, изјави Ферстапен. 

Се вчитува...