Тимот на Макс Ферстапен во ГТ шампионатот потпиша договор со Мерцедес.
„Verstappen Racing“ објави повеќегодишно партнерство со „Mercedes-AMG Motorsport“ пред сезоната на „GT3“ во 2026 година, што го означува почетокот на значајно ново поглавје во проектот „Max Verstappen“.
Како дел од овој договор, „Verstappen Racing“ ќе продолжи да се натпреварува во „GT World Challenge Europe“, но ќе се префрли на „Mercedes-AMG GT3“ од 2026 година.
Програмата ќе се реализира во соработка со искусниот тим на „2 Seas Motorsport“. Директорот на програмата „Mercedes-AMG Customer Racing“, Стефан Вендл, го поздрави партнерството и ја истакна амбицијата на проектот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

