Светската автомото организација прави циркус буквално од секоја Формула 1 викенд. Макс Ферстапен денеска го освои третото место на спринт трката на големата награда на Бразил на патеката Интерлагос, но по трката доби пет секунди казна.
Откако на патеката беше виртуалното безбедносно возило, на истекот на тоа Макс се обиде да го мине Пјастри, а сето тоа стјуардите го забележаа како казна, па на крајот му додадоа пет секунди.
На крајот Ферстапен заврши на четвртото место, а на подиумот се најде возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА