Светскиот шампион Макс Ферстапен покажа неверојатен карактер, отпишан пред неколку месеци возеше извонредни трки во серија и се уште е во игра за титулата.
Ферстапен има 12 бода помалку од лидерот Ландо норис во генералниот пласман, но големиот ас нема намера да се откаже од битката за титулата до самиот крај на последната трка што е на програмата утре со почеток во 14 часот. Впрочем, Макс стигна и до пол-позицијата, но за титула ќе му треба не само негова победа, туку и Норис да се најде меѓу најдобрите тројца.
„Се обидувам да искористам се уште имам на располагање, се со цел да стигнам до што подобар резултат. Борбата за титулата? Ќе видиме утре… она што прво морам да го направам е да победам, тоа е мојот приоритет. А потоа ќе видиме за се останато.. ако ја имам и среќата на моја страна можеби ќе дојдам и до нова титула. Во квалификациите покажавме дека можеме да бидеме најбрзи а патеката, сега треба истото да го повториме и на трката. Едно е сигурно, нема да се предадеме“, истакна Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

