Големата награда на Австрија ја одбележа нимил инцидент откако на пет кругови до крајот водечкиот Макс Ферстапен и „предизвикувачот“ за пол-позицијата Ландо Норис направија меѓусебен судар кој резултираше со дупнати гуми.
Ферстапен се довлечка со боксот по што ја продолжи трката и заврши на петтата позиција, додека Норис остана во боксот на големо незадоволство за кое говореше и по крајот на трката обвинувајќи го неговиот холандски пријател.
По целата ситуација сега се огласи и самиот Ферстапен кој вели дека тоа е дел од тркањето.
„Како пријател никогаш не сакате да дојде до судир, но тоа се случи денеска. На крајот на денот тоа е дел од тркањето. Јасно е дека двајцата сме незадоволни.
Секогаш се преиспитувате, дали јас сум крив, дали оставив доволно простор. И јасно е дека ќе има расправа околку тоа. Искрено мислам дека оставив доволно простор за Ландо. Меѓутоа суштината е да се борите за што подобар позиција на излез од кривина. Едноставно се борите за победа и тоа така треба да биде“, вели Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА