Трикратниот шампион во најбрзото натпреварување на светот, Формула 1, Макс Ферстапен призна дека во иднина има амбиции да ги заследи стапките на својот татко и да вози на популарната трка „24 часа Ле Ман“.
Притоа Холанѓанецот откри дека за клупска колега сака да го има Фернандо Алонсо и тоа е нешто за што веќе разговарал со легендарниот шпанскиот возач.
„Ле Ман е дефинитивно нешто што сакам да го возам. Бев таму кога мојот татко возеше и атмосферата е неверојатна. Има многу луѓе, возите ден и ноќ. Голем напор е потребен, но тоа е навистина посебно искуство. Разговарав со Алонсо за тоа. Ми кажа дека повторно би учествувал на Ле Ман само со мене во тимот“, изјави Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА