Ферстапен се напи, па едвај ја отвори вратата на својот стан (ВИДЕО)

Холандската телевизија „Зиго“ сними документарец за Макс Ферстапен, а во последната од трите епизоди гледачите можеа да ја проследат забавата за неговиот 23. роденден.

Откако еден од најдобрите возачи во Форума 1 го прослави својот роденден во авион, камерите го испратија младиот возач до неговата куќа во Монако каде Ферстапен се намачи додека конечно успеа да ја отклучи вратата.

На трката за ГН на Австралија во 2015 година, Ферстапен постана најмладиот возач кој настапи на трка на Формула 1 со 17 години и 166 дена, а подоцна стана и најмладиот возач кој успеал да заврши на првото место. Оваа сезона младиот возач ја заврши на третото место.

 

Се вчитува...