Макс Ферстапен е победник на Ф1 трката за големата награда на Бразил. Во трката со бројни возбудувања и два инциденти, на крајот на второто место заврши Пјер Гасли од Торо Росо, остварувајќи го најдобриот пласман во кариерата а Луис Хамилтон од Мерцедес заврши на третото место.
Во трката имаше безбедносно возило на двапати, прво поради дефектот и откажувањето на Валтери Ботас, во 52 круг, а потоа и поради тешкиот инцидент меѓу Шарл Леклер и Себастијан Фетел, на помалку од 10 круга до крајот на трката, поради што и двајцата останаа без пласман.
Во отворена битка за подиумот, Леклер и Фетел имаа дуел по кој и двајцата излетаа. Веднаш потоа и Хамилтон учествуваше во инцидент, со Алекс Албон, на два круга до крајот, за второто место, но од тоа подебелиот крај го извлече Тајланѓанецот, Хамилтон остана трет, а Гасли профитира со прв подиум во кариерата.
На само една трка до крајот на сезоната, која се вози во Абу Даби на 1. декември, Хамилтон води на табелата со 396 бода, Ботас остана на 314, а Ферстапен е трет со 260. Леклер остана на 249, а Фетел на 230 бода на четвртата, односно на петтата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА