Трикратниот светски шампион и бранител на титулата во Формула 1, Макс Ферстапен не го криеше незадоволството од одлуката за казната за пцовки што му ја изрече Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
На прес-конференцијата во Сингапур тој даде саркастичен коментар.
„Се разбира, ми е смешно ова што се случува. Зошто да дадам целосни одговори? Можеби тогаш… многу лесно би добил парична казна или некој друг вид санкција. Го чувам гласот“, саркастичен беше Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА