Ферстапен со критики за Големата награда на Лас Вегас: „Тоа е 99% само шоу…“

Крајот на сезоната во Формула 1 шампионатот ни го носи и големиот спектакл на Големата награда на Лас Вегас која ќе биде различна трка од сите досега. Истата по 38 години повторно кулминацијата ќе ја има во сабота, но и покрај тоа што оваа трка привлече големо внимание кај фанови, актуелниот шампион Макс Ферстапен не е импресиран.

Холандскиот возач од таборот на Ред Бул кој веќе ја осигура и титулата вели Големата награда на Лас Вегас ќе биде само шоу.

„Ова ќе биде 99% шоу, а само еден процент тркање. Добро ќе заработат тимовите без разлика дали ми се допаѓа мене тоа или не, но нема да се правам дека се е во ред. Го кажувам своето мислење и ако е добро и ако е лошо, едноставно таков сум. Некои луѓе сакаат шоу, но мене тоа воопшто не ми се допаѓа. Пораснав со желба да се докажам тркајќи се. Го сакам Лас Вегас, не не поради тракањето“, изјави Ферстапен.

Самата стаза носи и новитет со правец долг 6.2 километри кој според Холанѓанецот ја прави стазата неинтересна, а младиот возач го критикуваше и терминот на одржување на истата.

„Воопшто не ми се допаѓа. Многу е заморно особено на крајот на сезоната. Ми нема смисла“, додаде возачот на Ред Бул.

Се вчитува...