Ферстапен со победа на ГН на Мексико до нов Ф1 рекорд

Макс Ферстапен постави нов рекорд по бројот на победи во една сезона во Формула 1 шампионатот откако славеше и на Големата награда на Мексико која за него беше 14. победа во сезоната. Возачот на Ред Бул одлично ја започна трката, немаше големи проблеми во текот на истата па со „приватна трка“ стигна до нови 25 бода.

Зад „летечкиот Холанѓанец“ заврши Луис Хамилтон, а на пиедесталот имаше место и за миленикот на домашната публика, Серхио Перез кој со новите бодови се зацврсти на втората позиција во шампионатот пред Шарл Леклер. Бодови освоија уште: Расел, Саинз, Леклер, Рикардо, Окон, Норис и Ботас.

Се вчитува...